Со цел да се поттикне и негува љубопитноста и креативноста кај учениците, да се негува доследноста и истрајноста во извршување на задачите, да се развиваат мотивите и условите за афирмирање на личноста на ученикот, како и да се создаваат навики за правилно користење на слободното време, во училиштето се организираат слободни активности за учениците од одделенска и предметна настава. Учениците од училиштето земаат активно учество во различни секции преку кои стекнуваат дополнителни знаења, вештини и способности и даваат придонес во одбележување на патрониот празник на училиштето, како и промовирање на училиштето во бројни активности кои ги организира општината и пошироко.