ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ

ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Општинското основно училиште „Никола Карев“ – Кочани, Ве информира дека запишувањето на деца во прво одделение ќе започне на 1 јуни 2020 година и ќе трае до 30 јуни 2020 година, секој работен ден од 9.00 до 13.00 часот.

Во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската 2020 година ќе наполнат шест години. По исклучок, во прво одделение може да се запишат и деца кои ќе наполни шест години до 31 јануари 2021 година, по претходно Барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

На денот на запишувањето родителот/ старателот задолжително треба да ги достави следниве документи:

  • Извод на матична книга на родените (може и копија);

  • Потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа;

  • Потврда за стоматолошки преглед на детето издадена од надлежна здравствена установа (не од матичен стоматолог);

  • Доказ дека според местото на живеење, припаѓате на реонот на ООУ „Никола Карев“;

  • При запишувањето на дете со попреченост во прво одделение, родителот е должен да достави и мислење од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Доколку од страна на родителот/старателот не се достави комплетната документација, детето нема да биде запишано во прво одделение.

*ВАЖНO: Се информираат родителите кои според местото на живеење, не припаѓаат на реонот на ООУ „Никола Карев“, не можат да го пријават за упис своето дете, ако, освен потребните документи за запишување во прво одделение, согласно Член 63 став 3 од Законот за основното образование, не достават и Согласност од училиштето во чиј реон припаѓаат како и Барање на Согласност за упис до ООУ „Никола Карев“- Кочани. Сите деца кои припаѓаат под реонот на ООУ „Никола Карев “ – Кочани, на домашна адреса ќе добијат покана со закажан термин за запишување, на кој треба строго да се придржуваат.

Улици кои припаѓаат на реонот на ООУ „Никола Карев “ – Кочани:

Крсте Петков Мисирков“, „Теодосие Паунов“ или „29 Ноември од 1 до 29“, „Пролетерски бригади“ од 1 до 43, „Наум Наумовски Борче“, !Едвард Кардељ“ од 01 до 78 или „Иван Иванов Балашо“, „Стари Парк“, „Гошо Викентиев“, „4 Јули“ или „8 Септември“, „Плачковица“, „АСНОМ“, „9 Мај“, „Тошо Арсов“, „Браќа Ставреви“, „Славчо Стоименов“(непарни броеви), „Никола Карев“, „Вера Которка“, „Мирка Гинова“, „Љупчо Сантов“, „Вита Поп Јорданова“, „Кеј на револуцијата“, „Цветан Димов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Иван Милутиновиќ“ или „Др Николиќ“, „Маршал Тито“, „Брегалничка“, „Димитар Влахов“, „22 Октомври“(„Иван Серафимов“), „8 Март“, „Лазар Андонов“, „Ленинова“ („Стево Теодосиевски“), „Рајко Жинзифов“ од бр.1 до бр.88, „Дамјан Груев“, Касарски круг, Монополски бавчи,Стара фабрика.

Подрачното училиште од село Тркање ги опфаќа училишните обврзници од село Тркање. Подрачното училиште од село Грдовци ги опфаќа училишните обврзници од село Грдовци.

Со среќа идни првачиња!

Директор, Биљана Петрова