Нашите почетоци

Основнот училиште „Моша Пијаде“ (сегашно „Никола Карев“) летописот на својата историја започнува да го пишува од 1957 година, кога на предлогот на тогашниот Општински одбор на Општина Кочани на посебни седници на Народниот одбор и собирот на производителите донел решение на 27.9.1957 година за основање второ основно училиште во градот, осмолетка„ Моша Пијаде“, со основна дејност воспитание и образование на ученици од 7 до 15 години.

Обврска училиштето добило да формира и паралелки за предучилишно и основно образование и воспитание во градот. Пред формирањето, кон ова училиште биле приклучени и две Подрачни училишта од селата Грдовци и Бели.

Според хронологијата на настаните и случувањата во училиштето за прв директор бил поставен Ристо Јорданов Данилов од Кочани, афирмиран просветен работник кој ги извршил и сите подготовки за успешно и навремено започнување на наставата.
Наставата започнала на 1 септември 1957 година. Во училиштето тогаш биле запишани 618 ученици од кои 369 ја посетувале наставата од прво до четврто и 249 ученика од петто до осмо одделение, распоредени во 21 паралелка и забавишна група со 28 ученика.
На почетокот наставата во училиштето ја изведувале 25 наставника сите со завршено соодветно образование, меѓу кои се наоѓале и наставници од првата генерација учители во Училиштата на Пиринска Македонија.

Нова страница од историјата училиштето запишува во 1983 година кога беше предадена во употреба новата зграда на сегашното училиште „Кирил и Методиј“.
По препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град донесе одлука за формирање на ново посебно училиште од постојаното „Моша Пијаде“ на две училишта. Одлуката беше прифатена и реализирана.

Во учебната 1972/73 година по поделбата наставата во училиштето „Моша Пијаде“ ја следат 1271 ученик од прво до осмо одделение и 130 деца во забавишните групи со вкупен број на вработени 56-мина. Со текот на времето кон ова училиште се припоени и училиштата од селата Полаки, Небојани и Главовица.

Подоцна училиштето во учебната 1993/94 година го доби името на револуционерот од илинденскиот период Никола Карев, кој во нерамна борба со турскиот аскер херојски загина со својата чета кај месноста Свиланово близу селото Рајчани –Кочанско.
Во учебната 2018/2019 година во ОЛУМ ,,Никола Карев" учат 530 ученика од прво до деветто одделение со Подрачните единици во Тркање и Грдовци. Наставата ја изведуваат 50 наставници, и 11 технички персонал.